70 Студенти од Индиа Следат Програма за Обука во ЦРБ-ЈИЕУ

ЦРБ - ЈИЕУ во соработка со Кели, факултетот за Бизнис од Универзитетот во Индијана, Индискиот институт по менаџмент во Лукноу, (Индија) и Универзитетот на Југоисточна Европа, по втор пат од 07.09.2012 до 17.09.2012 година, организираа обука на тема "Добивање на Деловна Вредност преку Аналитика". На обуката учествуваа 68 студенти од Индија кои моментално се на постдипломски студии на индискиот институт за менаџмент. Студентите беа сместени во студентските домови кои се во состав на универзитетскиот комплекс. За време на интензивната двонеделна програма студентите со помош на стручниот академски кадар, признат од страна на KSB IU совладаа како се добива деловна вредност преку аналитика. По завршувањето на програмата на учесниците им беа доделени сертификати. Во текот на двете недели студентите имаа можност да ги посетат најуспешните компании во регионот на Тетово, "Еkolog" и "Renova", како и културно-историските објекти "Арабати Баба Теќе", "Шарена Џамија", куќата на "Мајка Тереза", манастирот "Свети Наум", како и зградата на општина Тетово. Универзитетскиот кадар беше исто така дел од овие настани.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017