Проект за Консултации за Компанијата Даути Комерц Cash and Carry

Центарот за развој на бизнисот - УЈИЕ, успешно го заврши проектот за консултации за компанијата Даути Комерц - проект, кој траеше 3 месеци и беше поддржан од Европската банка за обнова и развој.
 
Целта на овој проект беше мерење на задоволството на клиентите како и внатрешната организација на компанијата Даути Комерц (Cash & Carry) Тетово, поради фактот што, задоволството на клиентите е многу важен фактор за успешноста на една компанија. Исто така, мислењето на клиентите како и нивните ставови во врска со услугите што ги врши компанијата Даути Комерц (Cash & Carry) Тетово, беа многу значајни во текот на нашето истражување, бидејќи тие (нивните мислења и  ставови), беа земени како основа за подобрување на услугите и на производите, понудени од компанијата Даути Комерц. Во текот на истражувањето, тимот на ЦРБ, покрај мерењето на задоволството на клиентите, успеа прецизно да ги идентификуваа тешкотиите во текот на процесот на испорака на стоките, како и тешкотиите во однос на квалитетот на производите, ефикасноста на продажбата, односно идентификување на клучните теми за обука на вработените и многу повеќе.

Во овој проект, освен локалните консултанти доц.  д-р Јусуф Зеќири - професор на Факултетот за бизнис и економија - УЈИЕ и г-дин Љумни Ајвази - директор на ЦРБ, беше ангажиран и германскиот експерт, г-дин Норберт. М. Маркс, кој поседува големо искуство во областа на консултациите и обуките. 

Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017