Гостинско предавање за Претприемништво во 21 век со Пол Сергиус Коку

На 14. мај 2019 година, имавме чест што професорот на Колеџот за бизнис на Универзитетот Атлантик во Флорида и академскиот член за маркетинг проф. д-р. Пол Сергиус Коку, одржа предавање за претприемништво во 21. век, пред студентите и кадарот на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Проф. д-р Пол Сергиус Коку е професор на Колеџот за бизнис на Универзитетот Атлантик во Флорида и член на Академијата за маркетинг. Од неговата лична и професионална перспектива, Коку предаваше за карактеристиките на претприемништвото, особено за начините на преминувањето на бариерите и ризиците во 21. век.

На крајот од презентацијата имаше динамична дискусија од студентите и од кадарот околу тешкотиите со кои претприемништвото се соочува, при што произлегоа и конкретни предлози.

Предавањето беше поддржано од Бизнис центарот за иновации на Универзитетот на Југоисточна Европа.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017