Центарот за развој на бизнисот - УЈИЕ организираше едно дневна обука за бизнис заедницата од Косово, на тема: „Управување на односите со клиенти“
Целта на обуката беше претставниците од компаниите од Косово, да ги унапредуваат нивните знаења од областа на: управување на односите со клиенти, улогата на маркетингот, менаџмент на односот на клиентите кон маркетингот, улогата на информатичката технологија како и придобивките од истата, собирање и разгледување на податоци, и нивна употреба од одделот за маркетинг, човечки ресурси и од одделот за продажба.
Предавач на оваа обука беше професорот на Колеџот за бизнис на Универзитетот Атлантик во Флорида и член на Академијата за маркетинг, Проф. д-р. Пол Сергиус Коку. По завршувањето на обуката, освен стекнатото знаење, на сите учесници им беа доделени сертификати од страна на организаторите, односно од Центарот за развој на бизнисот и Бизнис Косова Центар