Обука за Oсновни Значења и Бизнис Вештини

Центарот за развој на бизнисот – УЈИЕ, восоработка со ЕСА (Enterprise SupportAgency), и Центарот за развој на полошкиот Плански регион, во рамки напроектот „ Поддршка на претприемништво, микро мали и средни компании ворегионот на Тетово “ подржано од ГИЗ РЕД,  организира обука на тема: „Oсновни Значења и Бизнис Вештини“.

Целта на обуката беше учесниците, да стекнатзнаење поврзано со бизнисот,  мотивите започнување на персонален бизнис, значењето на трошоците, профитот и загубата,главните форми на бизнис организација, важноста и значењето на управување, зафункциите и менаџерските вештини и многу повеќе. Учесници  во ова обука беа ангажирани: студенти, младибизнисмени и невработени.

Обуката траеше три дена, и како предавачи беа:Доц. д-р Веланд Рамадан и Доц. д-р Шенај Хаџимустафа. По завршувањето наобуката, освен стекнатото знаење, на сите учесници им беадоделени сертификати.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017