Обукa за Kорпоративно Yправување

Центарот за развој на бизнисот – ЈИЕУ, восоработка со Институтот на директори, поддржано од Меѓународната ФинансискаКорпорација, дел од групацијата на Светска Банка, организираше обука за“Корпоративно  Управување”, дизајнирано за членовитена одборите на директори како и за високиот и средниот менаџмент во компаниите.

На 21.06.2014,претставниците на следните компании успешно ја завршија обуката:  Alma – M, UNIQA, Bexheti Kompani, StopanskaBanka, Pneumatik, Screen Media, Alpine Center и OEMVP.

Програмата структуриранаврз база на светски стандарди во оваа област на учесниците им овозможуваше дастекнат познавања од одделните аспекти на корпоративното управување, како штосе прашањата поврзани со структурирањето и функционирањето на одборите, обврскии должности на директорите, стратегиското лидерство, корпоративните финансии ипрашањата на планирање и спроведување на промени.

Програмата се  состоеше од 12 модули, од кои секоја  траеше по 3 часа. По завршување напредавањата, учесниците добиваа сертификати од ИФЦ, Центарот за развој набизнисот и од Институтот на директори.

Учесниците следеа вкупно 12 модули со материјали подготвени од страна на ИФЦ и прилагодениза Македонија од страна на професори од Универзитетот на ЈИЕ и предавачи одИнститутот на директори.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017