Обука за Управување на односите со клиенти

Центарот за развој на бизнисот - УЈИЕ организираше едно дневна обука за бизнис заедницата, на тема:  „Управување на односите со клиенти“.
 
Целта на обуката беше учесниците да ги унапредуваат нивните  знаења од областа на:  управување на односите со клиенти, улогата на маркетингот, менаџмент на односот на клиентите кон маркетингот, улогата на  информатичката технологија како и придобивките од истата, собирање и разгледување на податоци, и нивна употреба  од  одделот за маркетинг, човечки ресурси и од одделот за продажба.
 
Учесници на обуката беа претставниците од  компаниите: Даути Комерц, Фриготехника 2000, Скрин Медиа, РСМ, Модинг, Адриа Спорт, Фриготехника Плус, Макалб и други. 
 
Предавач на оваа обука беше професорот на Колеџот за бизнис на Универзитетот Атлантик во Флорида и член на Академијата за маркетинг, Проф. д-р. Пол Сергиус Коку. По завршувањето на обуката, освен стекнатото знаење, на сите учесници им беа доделени сертификати од Центарот за развој на бизнисот.

Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017