Обука за Вработените на Компанијата Даути Комерц

Центарот за развој на бизнисот - ЈИЕУ, организираше 4-дневна обука за вработените на компанијата Даути Комерц - обука, која се организираше во рамките на проектот што Центарот за развој на бизнисот ја реализира со компанијата Даути Комерц, и  истата е поддржана од страна на Европската банка за обнова и равој. Во овој проект, освен локалните консултанти Доц.  д-р. Јусуф Зеќири - професор во Факултетот за Бизнис и економија – УЈИЕ, и г-дин. Лумни Ајвази - директор на ЦРБ, беше ангажиран и германскиот експерт, г-дин. Норберт. М. Маркс, кој поседува големо искуство во областа на консултации и обуки. 

Целта на обуката беше учесниците да изградат личен и критичен став околу значајноста на бизнисот и интерперсоналната комуникација, за важноста на продажбата и бариерите за ефикасна комуникација, за корпоративната култура - понатаму како се перципира и се дефинира квалитетот на производите и услугите, како и за техниките за унапредување на личната продажба. Предавач на оваа обука беше: Доц. д-р. Јусуф Зеќири.

По завршување на обуката, генералниот директор на компанијата Даути Комерц, Г-дин Џемаил Даути, меѓу друго, им се заблагодари на вработените за учеството, исто така им честиташе на ЦРБ за одличната работа, сметајќи го како многу  успешна соработка кое ќе продолжи и во иднина.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017