Обука за Маркетинг и Финансии

Центарот за развој на бизнисот – УЈИЕ, восоработка со ЕСА (Enterprise SupportAgency), и Центарот за развој на полошкиот Плански регион, во рамки напроектот „ Поддршка на претприемништво, микро мали и средни компании ворегионот на Тетово “ подржано од ГИЗ РЕД,  организираше обука на тема: „ Маркетинг и Финансии “.

Целта на обуката беше да се информираат учесницитесо извештаите кои се корисни во мерење и следење на финансиското работење вооднос на групата на финансиските извештаи, да обезбеди насоки за тоа како да сенаправи финансиското планирање, како да се воведат принципите и практикитеповрзани со готовинскиот прилив, како и прашања поврзани со маркетинг, луѓетокои се вклучени во видови на маркетинг ентитети како на: стоки, услуги,искуства, настани, места, организации, информации, идеи, итн .

Обуката траеше три дена, и предавачи беа: Проф. д-р.Бесник Фетаи и Доц. Д-р. Брикенд Азири. По завршувањето на обуката, освенстекнатото знаење,на сите учесници им беа доделенисертификати.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017