Обука за Фармацевтската Компанија АЛКАЛОИД Алк и Кос

Центарот за развој на бизнисот – ЈИЕУ,организираше 3-дневна обука за вработените на АЛКАЛОИД (во Косово - Алк&Кос), која повеќе од седум децении работи на производство на лекови, преработкана билни суровини, производство на козметички и хемиски производи.

Целта на обуката беше учесниците даизградат личен и критичен став околу значајноста на деловното комуницирањесогласно нивните конкретни работни задачи, да се стекнат со соодветни знаењаоколу специфичностите на маркетинг каналите во фармацевтската индустрија, утврдувањена карактеристиките кои треба да ги има еден успешен продавач, конкретно вокомпанијата Алкалоид (Алк&Кос),поставување на организациони и индивидуални цели за себеси и подредените, какои за промоцијата, задоволството и лојалноста на потрошувачите.

Предавачи на ова обука беа:Проф. д-р Неџби Весели и Доц. д-р Брикенд Азири. По завршувањето на обуката,освен стекнатото знаење, насите учесници им беа доделени сертификати од страна на Центарот за развој набизнисот


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017