Обука за Аптека Бренд Пазар Профит

Центарот за развој на бизнисот - УЈИЕ организирашеобука за соработниците на Феникс  Фарма -еден од водечките дистрибутери на фармацевтски производи на македонскиот пазар,на тема: "Аптека: Бренд, Пазар, Профит".

Целта на обуката беше учесниците (сопственици нааптеките), да се стекнат со знаењa од областа на менаџмент и бизнис стратегииво фармацевтската индустрија, за брендирање во фармацевтскиот бизнис,управување со залихите и финансиските прашања во аптеките, како и запромоцијата, задоволството и лојалноста на потрошувачите.

Предавачи на оваобука беа: Проф. д-р. Неџби Весели и Доц. д-р. Брикенд Азири. Обуката траешетри дена и ја следеа сопствениците на аптеките од регионот на Тетово, Гостивар,Дебар, Струга и Охрид.

По завршувањето на обуката, освен стекнатотознаење, на сите учесници им беа доделени сертификати одстрана на Центарот за развој на бизнисот.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017