Обука за Шпаркасе Банка

Центарот за развој на бизнисот - УЈИЕ организираше 2-дневна обука за вработените на  Шпаркасе Банка, која со повеќе од 23-годишна традиција и искуство во банкарскиот сектор (како единствена австриска Банка во Македонија), овозможува широка понуда на банкарски производи и услуги - наменети за поддршка и развој, финансирање на физички и правни лица.

Целта на обуката беше учесниците да изградат личен и критички став околу значајноста на ефективната презентација и јавното говорење, улогата на претставување на банката во бизнис секторот при собирање и размена на информации, во процесот на организациски промени и модификација на работата во група, при продолжување на планирањето, подготовката и содржината, во вештините и техниките, како и на самиот говорник – како најважни елементи за ефективна презентација. Предавач на оваа обука беше меѓународниот експерт и советник на студиските програми „Интегрирани со пракса- проф. Норберт. М. Маркс. По завршувањето на обуката, освен стекнатото знаење, на сите учесници им беа доделени сертификати од Центарот за развој на бизнисот. 


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017