Обука за Компанијата Харбини Козметик

Центарот за развој на бизнисот – ЈИЕУ, организираше обука за вработените на компанијата Харбини Козметик, ко - финансиран од страна на Европската банка за обнова и развој. Харбини Козметик повеќе од една декада се занимава со дистрибуција на декоративна козметика од брендовите Golden Rose“ , „Classics и Roxanne парфеми – квалитетни продукти кои им се допаѓаат на клиентите до денес поради нивниот квалитет.

Целта на обуката беше учесниците да изградат личен и критичен став околу значајноста на само – мотивацијата, управувањето со конфликти, интерперсоналната комуникација, како и за техниките за унапредување на личната продажба. 

Предавачи на оваа обука беа: Доц. д-р. Селајдин Абдули и Доц. д-р. Брикенд Азири.

По завршување на обуката, генералниот директор на компанијата Харбин Козметик, Г-дин Мустафа Мусаи, меѓу друго, им се заблагодари на вработените за учеството, исто така им честиташе на ЦРБ за одличната работа, сметајќи го како многу  успешна соработка кое ќе продолжи и во иднина.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017