Обука за Вработените на Министерството за Економија на РМ

Во Петок (16 Ноември) од страна на Центарот за Развој на Бизнисот во УЈИЕ, беше организиранa обука за вработените на Министерството за Економија на РМ на тема: “Решавање на Проблеми и Процес на Одлучување”. Предавач на обуката беше Доц. Д-р Веланд Рамадани и истата ја посетија околу 15 раководители на сектори и државни советници во Министерството за Економија.


Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017