Изработка и имплементација на бизнис

Јазик : Албански,Македонски,Англиски

Времетраење : 6 дена

Опис
Известување на претприемачите со содржината на бизнис планот, проценување на актуелниот капацитет на компанијата и на средината за реализација на целите на бизнисот, свестување на актуелните и потенцијалните  претприемачи за важноста на планирањето,  и др.

Таргет група
Бизнисмени, деца на сопственици на компаниите , клучни лица од компаниите кои треба да бидат  подготвени за да преземат поголеми одговорности и клучните позиции во иднина , дипломирани студенти кои се трудат да влезат во светот на бизнисот, млади претприемачи  кои веќе почнале нивните бизниси и тнт.

Очекуван резултат
По завршувањето на обука, се очекува учесниците да стекнат доволно знаења во врска за  изработка на конкретните бизнис планови  за актуелни или идни бизниси, подготвување и презентација на претприемачките идеи пред кредиторите и потенцијалните инвеститори и тнт.

Минимум:  Број на учесници за следење на курсот 8

Максимум: Број на учесници за следење на курсот 15

Програма на обуката: 

    • Основните концепти на планирање;
    • Трансформација на визија во акција;
    • Изработка на конкретен бизнис план – Фаза I (профилот на претпријатието и на индустријата, општата стратегија на бизнисот, производите и услугите на претпријатието, креирање на маркетинг стратегијата,обезбедување на конкретни примери, практична работа поврзана со темите – активно учество на учесниците); 
    • Изработка на конкретен бизнис план – Фаза II;( дефинирање на локацијата на претпријатието, планот на систематизација на претпријатието, анализа на конкуренцијата и планот за справување со истата,планот на операции , обезбедување на конкретни примери, практична работа поврзана со темите – активно учество на учесниците );
    • Изработка на конкретен бизнис план – Фаза III( oпис на менаџментот  на претпријатието, финансискиот план на претпријатието , предлогот  за кредит и тнт.
    • Завршување и презентација на бизнис планот;

  

Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017