Организирање на Настани

Центарот за Развој на Бизнисот (ЦРБ) помага во организирање на конференции, семинари и бизнис средби. Нашите простории во Скопје и Тетово изградени според современи стандарди нудат широк спектар на конференциски сали (уникатно дизајнирани), амфитеатри и училници. ЦРБ е опремен со модерна технологија која ќе ги исполни вашите очекувања.

Центарот за Развој на Бизнисот (ЦРБ), исто така, ви нуди организирање на видео конференции преку напредна технологија , вашите состаноци со соработниците од странство ќе бидат реализирани во најкус можен рок и со минимални трошоци.

 

Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.

Контактирајте не

T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk

Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија

© Business Development Centre 2017