Преку академскиот персонал на ЈИЕУ и нашите локални и меѓународни партнери ви нудиме голем број на менаџмент обуки. Експертите на ЦРБ ќе направат евалѕација на вашите потреби и потоа ќе дизајнираат програма која ќе ви понуди солидни решенија за вашите менаџерски проблеми.
Обуките го потенцираат интерактивното учење и ги охрабруваат учесниците да партиципираат во дебатите.
Со следење на обуката, освен дополнителните вештини со кои ќе се стекнете ќе добиете и сертификат за успешно завршување на обуката.
Во зависност од програмата за обука, сертификатите може да се конвертираат во кредити (СКН – Современи Компјутерски Науки)
Центарот за развој на бизнисот(ЦРБ) има улога на поврзување на бизнис заедницата во регионот со Универзитетот на Југоисточна Европа. Овој Центар нуди деловна обука и бизнис консалтинг на поединци и претпријатија, користејќи ja информатичката и комуникациската технологија.
T +389 44 356 251
E-mail: seeu-bdc@seeu.edu.mk
Адреса
Илинденска 335, 1200 Тетово Македонија
© Business Development Centre 2017